Свет Балкан Мур: Повикот на ИД за балканците нема да влијае врз иднината на...

Мур: Повикот на ИД за балканците нема да влијае врз иднината на регионот

Повикот на Исламска држава, муслиманите од Балканот да се приклучат кон борбата на организацијата, не е прифатлив за народот и не може да влијае на иднината на регионот, изјави шефот на мисијата на ОБСЕ во БИХ, Џонатан Мур.

– Оваа порака не е прифатлива, не само за меѓународната заедница, туку и за народите од Босна и Херцеговина и од другите земји на Балканот – рече Мур во Будва, каде што се одржа форум за безбедноста.

Според него, во балканските земји сега постои соживот и толеранција меѓу луѓето.

– Сите земји од регионот се против ваквите пораки. Тоа го чувме не само од политичарите, туку и од верските заедници – изјави Мур, додавајќи дека и верските заедници објаснуваат дека учеството во тие борби е спротивно на вредностите на религијата.