Македонија МЦЕО: Дали во Македонија владее атмосфера на страв и на конспирации?

МЦЕО: Дали во Македонија владее атмосфера на страв и на конспирации?

Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО) „Еврометар“, во своето последно истражување објавува податоци за тоа колкава е атмосферата на страв и на конспирации во Македонија.

Анкетите се правени со директни прашања, како, на пример, „Дали македонските граѓани слободно го кажуваат своето мислење?“, и индиректни прашања „Македонската влада има податоци за тоа како гласал секој граѓанин“, „Спонтани протести не постојат, туку секогаш се организирани од центрите на моќ“ , „Тајните служби ги прислушуваат комуникациите за луѓето кои ги сметаат за противници “ и слични.

Резултатите од анкетата се прикажани на инфографик.

Анкетата била спроведена во март оваа година, а во неа биле вклучени 1.194 граѓани.