Свет Мозамбик: Колера усмрти 41 лице

Мозамбик: Колера усмрти 41 лице

Четириесет и едно лице починаа од колера во централните и во западните делови на Мозамбик од крајот на декември, соопштија локалните власти.

– Од 4.518 заразени, 41 лице починаа од 25 декември 2014 година – соопшти Министерството за здравство.

Колерата е честа во дождливата сезона, која во Мозамбик обично трае од октомври до март, но годинава е поизразена поради честите поплави, кои придонесуваат за ширење на инфекциите.

Симптом на колерата е дијареја, која доведува до нагла и драстично голема дехидрација, а доколку не се лекува, може да биде смртоносна.