Хроника Мотоциклист загина на влезот во Прилеп

Мотоциклист загина на влезот во Прилеп

Триесет и тригодишен прилепчанец го загубил животот во сообраќајна несреќа што утрово се случила на влезот во градот, кај бензинската на „Лукоил“.

Како што соопштуваат од надлежното јавно обвинителство, станува збор за Влатко Т., кој во моментот на несреќата управувал мотоцикл.

Според информациите, мотоциклистот, од засега непознати причини, удрил во пано на бензиската пумпа, излетал од моторот и починал на самото место.

Увид на местото извршил јавен обвинител и екипа на прилепската полиција.

По наредба на јавниот обвинител, телото на починатиот прилепчанец е дадено за обдукција.