Хроника Мотоциклист во Тетово излетал од патот и го загубил животот

Мотоциклист во Тетово излетал од патот и го загубил животот

Мотоциклист го загубил животот во тешка сообраќајна несреќа што вечерва околу 19 часот се случила на булеварот Маршал Тито во близина на железничкиот надвозник на излезот од Тетово.

Тетовецот Е.А. (26) од засега неутврдени причини загубил контрола на мотоциклот што го управувал, по што удрил во заштитната метална ограда. Притоа добил тешки телесни повреди, поради кои бил префрлен во тетовската Клиничка болница, но кога бил донесен таму, лекарите само ја констатирале неговата смрт.