Дописници Моторџија загина во сообраќајна несреќа во Битола

Моторџија загина во сообраќајна несреќа во Битола

Триесет и осумгодишен моторџија го загуби животот во сообраќајна несреќа, што вчера попладне се случила во индустрискиот дел на Битола. Мотоџијата настрадал во директен судир со товарно моторно возило.

Сообраќајката се случила вчера, околу 18 часот, во индрустрискиот дел на Битола, на крстосницата од улиците Новачки пат, кој води кон селото Долно Оризари и улицата Индустриска, потврдуваат од битолската полиција.

Од ударот со товарното моторно возило, марка „там“, возачот кој управувал со мотоциклот „хамачи“ добил тешки телесни повреди, по што веднаш бил пренесен во битолската клиничка болница, каде лекарите констатирале смрт.

Од Секторот за внатрешни работи Битола велат дека е наредено да се изврши обдукција врз телото на починатиот.