Uncategorized Москва негира дека црната листа е политички мотивирана

Москва негира дека црната листа е политички мотивирана

Заменик-шефот на руската дипломатија, Алексеј Мешков, ги отфрлил критиките на Западот дека „црната листа“ на која се наоѓаат 89 политичари од 17 европски земји, е политички мотивирана.

Мешков изјави дека единствена цел на листата е да се „олесни животот на оние кои се наоѓаат на неа“.

Претходно ЕУ ги замрзна имотите и забрани издавање визи за 151 лице од Русија и од Украина.