Свет Москва: Бунтовниците во Алепо употребиле хемиско оружје, повредени 30 сириски војници

Москва: Бунтовниците во Алепо употребиле хемиско оружје, повредени 30 сириски војници

Триесеттина сириски војници синоќа се повредени во источниот дел на Алепо откако бунтовниците извршиле напад со хемиско оружје, соопшти денеска руското министерство за одбрана.

Од министерството наведуваат дека повеќето повредени се хоспитализирани во Алепо.

Пред два дена Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон соопшти дека сириските владини сили ги повратиле сите подрачја во источниот дел на Алепо, кои дотогаш беа под контрола на бунтовниците.