Свет Европа Московските власти ја забранија геј-парадата

Московските власти ја забранија геј-парадата

Московските градски власти соопштија дека нема да дозволат одржување на геј-парада во главниот град на Русија, која активистите планираа да ја одржат кон крајот на мај.

– Ги предупредивме организаторите дека шетањето нема да биде дозвилено – рече портпаролот на градоначалникот на Москва, Алексеј Мајоров.

Организаторите годинава пријавија одржување на два собира и геј-парада на 30 мај, а очекувале дека на секој од овие настани ќе се соберат стотина луѓе.

Протести на хомосексуалците во Русија се случуваат ретко, а рускиот претседател Владимир Путин во 2013 година потпиша закон со кој се забранува „геј-пропаганда“ пред малолетници.