Македонија МОН прави проверка на приватните и на јавните универзитети

МОН прави проверка на приватните и на јавните универзитети

Контрола врз високообразовните институции во земјата, во прв ред на приватните, извршила комисија од Министерството за образование, а наскоро министерот Абдилаќим Адеми, по средбата со претставниците на универзитетите, ќе ја информира јавноста за состојбата. Исто така, најавена е и ревизија на јавните универзитети, соопштија денеска од МОН.

„Овој процес обезбеди целосна слика за високото образование, особено на приватните универзитети, за да се изградат политики што ќе имаат вистинска поддршка и ќе служат за унапредување на образованието во земјата и за обезбедување услуги и поквалитетни студиски профили, во согласност со побарувачката на пазарот на труд, дома и во странство“, стои во соопштението од Министерството за образование и наука.