Македонија МОН: До 30 септември се доставуваат документите за ученички стипендии

МОН: До 30 септември се доставуваат документите за ученички стипендии

Учениците кои нема да постапат согласно оваа насока, која воедно е наведена и во договорот што корисниците на стипендија го имаат потпишано со МОН, се смета дека се откажуваат од правото

Фото: Мета.мк

Сите корисници на ученичка стипендија кои правото го оствариле во некоја од изминатите учебни години, а кои ги исполнуваат договорните услови за продолжување на истото, заклучно со 30 септември потребно е преку порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk да достават потврда за редовен ученик во учебната 2023-2024 година и свидетелство од претходната учебна година, соопшти денеска Министерството за образование и наука (МОН).

Учениците кои нема да постапат согласно оваа насока, која воедно е наведена и во договорот што корисниците на стипендија го имаат потпишано со МОН, се смета дека се откажуваат од правото на стипендија.

За било каква информација или прашање, учениците можат да се обратат на електронската адреса: ucenicki.stipendii@mon.gov.mk.