Uncategorized Момчето и девојката во Припор починале од труење со јаглерод моноксид

Момчето и девојката во Припор починале од труење со јаглерод моноксид

Момчето и девојката што вчера попладне беа пронајдени мртви во автомобил во гаража на улицата Христо Татарчев во Скопје, најверојанто починале од труење од издувните гасови на возилото, изјави портпаролот на МВР, Иво Котевски, пренесува „24 Вести“.

– Со оглед на фактот дека автомобилот бил вклучен, односно работел моторот, а гаражата била затворена, најверојатно причина за смртта е труење од издувните гасови – изјави Котевски.

Трагичниот случај во полиција бил пријавен околу 17 часот.