Хроника Момче ограбено на улица во Чаир

Момче ограбено на улица во Чаир

Дваесет и двегодишно момче вчеравечер било нападнато и ограбено од двајца разбојници на улицата Христијан Тодоровски-Карпош, во населбата Чаир, информираат од полицијата.

Разбојништвото се случило околу 21 часот, кога две непознати лица му пришле од зад грб на С.М. (22), почнале да го удираат со раце и со нозе по телото, а потоа му го зеле мобилниот телефон и побегнале.

По пријавата на случајот, поради основан сомнеж дека се можни сторители на разбојништвото, полицијата привела две лица. По документирањето на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од полицијата.