Хроника Момче на велосипед нападнато од кучиња во центарот на Скопје

Момче на велосипед нападнато од кучиња во центарот на Скопје

Дваесетгодишно момче од Скопје пријавило дека вчера, додека се возел на велосипед покрај кафулињата на кејот на Вардар, било нападнато од група кучиња, при што се здобило со повреди на ногата.

„Во 11.30 часот С.Н.(20) од Скопје, пријавил дека истиот ден на кејот на реката Вардар, пред кафулињата на плоштадот бил нападнат од група кучиња додека се возел со својот велосипед. Од страна на лекар констатирани му се повреди на десната потколеница“, информираат од МВР.