Хроника Молотови коктели фрлени на куќа на прилепчанец

Молотови коктели фрлени на куќа на прилепчанец

Ноќта меѓу петокот и саботата, два молотови коктела биле фрлени на покривот од куќата на прилепчанецот К.Д. (58), соопшти полицијата.

Како што информираат оттаму, во саботата, триесетина минути по полноќ, непознат сторител фрлил две шишиња со непозната запалива материја на покривот од куќата на К.Д., на улицата Ило Попадинец во градот, од кое едното паднало во дворот.

Од полицијата засега немаат осомничено лице за инцидентот, ниту информации за предизвикана материјална штета.

Оттаму велат дека „се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“.