Свет Европа Молдавија: Русија се меша во претседателската трка

Молдавија: Русија се меша во претседателската трка

Претседателот на молдавскиот парламент, Адријан Канду, денеска ја обвини Русија дека се меша по политиката на Молдавија во пресрет на претседателските избори.

Тој рече дека молдавските лидери се сомневаат дека Русија манипулира со медиумите и спроведува пропаганда.

Канду во моментот се наоѓа во Вашингтон, каде разговара за политиката и за економската состојба во Молдавија со Меѓународниот монетарен фонд и со американскиот Стејт департмент.

Според анкетите, фаворит за победа на молдавските претседателски избори на 30 октомври е кандидатот на Социјалистичката партија, Игор Додон, кој се залага за блиски односи со Москва.