Свет Могерини ја пофали улогата на Кипар на Блискиот Исток

Могерини ја пофали улогата на Кипар на Блискиот Исток

Високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на ЕУ, Федерика Могерини, денеска, за време на посетата на Кипар, ги поздрави блискоисточните мировни преговори и ја пофали улогата на островската земја на Блискиот Исток.

Могерини се сретна со лидерот на Грците на Кипар, Никос Анастасијадис, во претседателската плата во Никозија.

Кипар, кој стана дел од ЕУ во 2004 година, во изминатите неколку години се обидува да развие врски со своите соседи на Блискиот Исток.