Забава Моана е новата принцеза на „Дизни“

Моана е новата принцеза на „Дизни“

Филмското студио „Дизни“ конечно ја претстави Моана, најновиот лик од последниот најавен проект за следната година, пренесе „Филм24.мк“.

Покрај самиот лик и анимираниот филм, „Дизни“ ја претстави и актерката што ја доби честа да ја портретира Моана на филмското платно. 14-годишната Аули Карваљо, родена и израсната во Хаваи, како и самиот лик што ќе го портретира, е со домородно потекло.

Покрај Карваљо, во новиот филм на „Дизни“ ќе имаме можност да го чуеме гласот на актери како Двејн Џонсон, Алан Тајдук, а режисери и сценаристи на филмскиот проект ќе бидат Рон Клементс и Џон Мускер.

Премиерата е закажана за 23 ноември следната година.