„Дизни“ отпушта 7.000 вработени
февруари 9, 2023
Компанијата „Дизни“ планира да отпушти 7.000 работници за да ги намали трошоците. Извршниот директор Боб Игер ја објави веста вчера, наведувајќи дека овој потег е неопходен за да се одговори на предизвиците, пренесува „Врџ“. Игер се надева дека со отпуштањата компанијата ќе заштеди 5,5 милијарди американски долари и ќе го направи стриминг-бизнисот на „Дизни“ профитабилен. […]