Македонија МНР препорачува да не се патува во регионите на Атина зафатени од...

МНР препорачува да не се патува во регионите на Атина зафатени од пожар

Заради пожарите кои се случуваат во областа Атика, во околината на Атина, од Министерството за надворешни работи препорачуваат државјаните на Република Македонија да избегнуваат патувања во тие региони.

„Ги информираме граѓаните дека засега македонски државјани не се обратиле за помош во нашето дипломатско конзуларно претставништво во Атина. Поради пожарите во Грција е прогласена вонредна состојба. Воедно, информираме дека контакт телефонот на дипломатско конзуларно претставништво на Република Македонија во Атина е 0030 694 474 3071“, се вели во соопштението од МНР.