Македонија МНР: Нема повредени или загинати македонски граѓани во нападот во Санкт Петербург

МНР: Нема повредени или загинати македонски граѓани во нападот во Санкт Петербург

Министерството за надворешни работи на Македонија изрази длабоко сочувство за семејствата на сите загинати и повредени во експлозијата што денеска се случи во рускиот град Санкт Петербург.

„Министерството за надворешни работи известува дека е во постојан контакт со надлежните институции во Руската Федерација и до овој момент нема добиено информација за повредени и/или загинати македонски државјани“, информираат од МНР.

За сите прашања поврзани со безбедноста на македонските граѓани кои во моментот се наоѓаат во Санкт Петербург, од МНР велат да се обратат на дежурните телефони во Дипломатско-конзуларното претставништво на Република Македонија во Москва и во Министерството за надворешни работи на Република Македонија.