Македонија МНР: Македонските државјани во најскоро време да ја напуштат Украина

МНР: Македонските државјани во најскоро време да ја напуштат Украина

Хотелот Днипро во Киев. Фото: AMY / Wikimedia Commons, CC BY-SA 3.0,

Министерството за надворешни работи (МНР) на Република Северна Македонија, следејќи ги одблиску состојбите во и околу Украина, апелира до граѓаните на земјава во претстојниот период да избегнуваат патувања во Украина.

Дополнително, сите македонски државјани кои сега се наоѓаат во Украина, доколку имаат можност, во најскоро време да ја напуштат земјата.

„Соодветно на претходните повици, граѓаните кои се наоѓаат во Украина, а кои сѐ уште не ги оставиле своите податоци во амбасадата, да ја контактираат Амбасадата на Република Северна Македонија во Киев, со цел доставување на своите податоци, на следните телефонски броеви: +380442877882; +380663951190; е-mail: dkpkiev@mfa.gov.mk“, се наведува во соопштението на МНР.

Дополнително, нашите државјани може да се обратат и во Министерството за надворешни работи на дежурниот телефонски број +389 75 273 732 и следната е-меил адреса: globalsos@mfa.gov.mk.

Од Министерството за надворешни работи велат дека ќе продолжат да ги следат состојбите во Украина и навремено да информираат за евентуални насоки за постапување за нашите државјани. Воедно, тие повикуваат да се информираат од официјалните канали на информирање кои доаѓаат од Министерството за надворешни работи, социјалните мрежи на Министерството и Амбасадата на Република Северна Македонија во Киев.