Македонија МНР ја потврди автентичноста на листата уапсени во Куманово

МНР ја потврди автентичноста на листата уапсени во Куманово

Министерството за надворешни работи ја потврди автентичноста на имињата од листата уапсени во акцијата во Куманово.

На списокот уапсени, кој пред три дена го објави телевизијата „Алсат-М“, се најдоа и имињата на Мирсад Ндрецај и Бег Ризај, за кои беше објавено дека се меѓу загинатите.

„Тоа беше прелиминарен список на сите во идентификацијата и ние, како МНР, сме го добиле за понатамошна употреба. Тоа го пренесовме на косовската амбасада во Скопје“, гласи одговорот од МНР до телевизијата, но притоа не се одговара на прашањето како имињата на Ндрецај и на Ризај се нашле на листата уапсени, а потоа било објвено дека се убиени.