Македонија МНР: До овој момент нема информации за настрадани македонски државјани на Халкидики

МНР: До овој момент нема информации за настрадани македонски државјани на Халкидики

До овој момент нема информации за настрадани државјани на Северна Македонија во невремето што го зафати поширокиот грчки регион Халкидики, велат од Министерство за надворешни работи.

Засега ниеден македонски државјанин не пријавил ниту штета од невремето. Во тек се дополнителни проверки од страна на надлежните институции.

Заради нерасчистени патишта, паднати дрвја и проблеми со снабдувањето на електрична енергија во регионот, локалните власти препорачуваат да се избегнува движење во тој дел на земјата додека трае расчистувањето и не се нормализира снабдувањето со струја.

Генералниот конзулат на Северна Македонија е во постојан контакт со надлежните служби. Македонските граѓани кои евентуално се повредени во невремето во Грција можат да го контактираат Генералниот конзулат во Солун на следниве телефони:00302310277347, 00302310277348. Контакт од нашата амбасада во Атина 00302106749585.