Момчето што се спаси од морските длабочини благодарение на детска топка излезе од болница

-

Триесет годишниот Иван кој од длабочините на Егејското Море кај Халкидики се спаси благодарение на изгубена детска топка денес се чувствува добро и е отпуштен од болницата Папаниколау во Солун, каде што беше хоспитализиран од неделата напладне, објави грчкиот портал Protothema.

Лекарите велат дека тој е во одлична состојба и може да патува, односно да си оди дома со членовите на семејство.

Според информациите на protothema.gr, неколку часа пред лекарите да го пуштат, бил лекуван поради тешка дехидрација. Иван, одговарајќи на прашањата на грчките новинари рече дека со морските бранови се борел околу 20 часа.

„Сакам да им се заблагодарам на луѓето кои учествуваа во моето спасување. Посебна благодарност до хеликоптерските екипажи и луѓето на чамците кои ме презедоа“, им рече 30-годишниот Иван на новинарите додека ја напушташе болницата Папаниколау.

Продолжува потрагата по Мартин во водите на Егејско море

Грчките служби веќе четврти ден трагаат по 31-годишниот Мартин Јовановски. Денес бидејќи временските услови дозволуваат во потрагата се користи и подводен дрон на волонтерската спасувачка служба ОФКАТ.
„Операцијата продолжува со подводниот дрон на ОФКАТ на местото што ни го посочи Иван. Скениравме голема површина, но не најдовме трага и причината е што струите на дното се многу силни. Истрагата на ОФКАТ сега се отвора малку повеќе“, изјави претседателот на ОФКАТ, Христос Рамос, за грчки „Њузит“.

Според неговите блиски, Мартин отишол на Халкидики со група од десетина луѓе на одмор и да го прослави роденденот на 30-годишниот Иван.

Роднините апелираат до сите да не ја прекинуваат потрагата. Тие според грчките медиуми се вознемирени бидејќи се информирани дека според сегашната законска рамка во Грција, крајбрежната стража ја прекинува потрагата по исчезнатите лица по 72 часа.

Вработени во шест министерства и во уште две други институции од утре ќе протестираат

Вработени во шест министерства, како и нивни колеги од Државниот завод за статистика и Државниот архив, од утре ќе протестираат. Ваботените се незадоволни од непотпишувањето на новите колективни договори со кои...

Не кликајте на линкови за наводни наградни игри и инвестирање во виртуелни валути

Отсекот за компјутерски криминал при СВР Охрид денеска, од повеќе профили на неколку социјални мрежи, евидентирал зачестени објави во кои, од граѓаните се бара со „клик“ на линкот, да ја отворат...

Украинската безбедносна служба испрашува двајца севернокорејски војници

Украинската служба за безбедност продолжува да испрашува двајца севернокорејски војници заробени како воени заробеници во регионот Курск. Украинскиот претседател Володомир Зеленски нуди размена на затвореници ако Ким Џонг Ун помогне во...

Бензинот Еуросупер 95 поскапува за 1,5 денари

Малопродажната цена бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,5 денари за литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива...

Вработени во шест министерства и во уште две други институции од утре ќе протестираат

Вработени во шест министерства, како и нивни колеги од Државниот завод за статистика и Државниот архив, од утре ќе протестираат. Ваботените се незадоволни од непотпишувањето на новите колективни договори...