Економија ММФ прогнозира пораст на македонската економија од 3,6 отсто за годинава

ММФ прогнозира пораст на македонската економија од 3,6 отсто за годинава

Економскиот пораст во Македонија оваа и следната година ќе достигне 3,6 проценти, објави Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во својата најнова проекција објавена на Пролетните средби на оваа финансиска институција и на Светска банка во Вашингтон.

Во однос прогнозата за глобалниот пораст, ММФ ја намали од 3,4 на 3,2 отсто.

На Пролетните средби на ММФ и на Светска банка, кои неделава се одржуваат во Вашингтон, присуствува делегација на Народна банка предводена од Димитар Богов.