Свет Европа ММФ останува во Украина

ММФ останува во Украина

Делегацијата на меѓународниот монетарен фонд (ММФ) го продолжува својот престој во Украина, иако според првичниот план таа денеска требаше да ја напушти земјата, изјавил претставник на централната банка на Украина, пренесуваат светските агенции.

Претставниците на ММФ се во преговори со украинските власти за давање дополнителна финансиска помош на Украина откако минатата недела оттаму порачаа дека на земјата ќе ѝ понудат поголем и долгорочен план за финансирање од актуелната програма тешка 17 милијарди американски долари.