Дописници Младите ќе учат како да се заштитат од трговија со луѓе

Младите ќе учат како да се заштитат од трговија со луѓе

Како да се заштитат од трговија со луѓе, ќе учат средношколците од Гостивар, како дел од проектот за превенција од современите форми на трговија со луѓе.

За таа цел, денеска раководствата на средните училишта од Гостивар, потпишаа меморандум за соработка со Асоцијацијата за демократски иницијативи која го спроведува проектот, кој ќе трае 15 месеци. Ќе се вршат истражувања, ќе се организираат работилници со младите и сo институциите.

– Сите предвидени активности одат во насока на подигнување на свеста на младите за современите форми на трговија со луѓе, како питачење, трудова експлоатација и слично. Потребата да се спроведе еден ваков проект произлегува од сознанијата дека овие појави последниве години бележат пораст – изјави Моника Велјановска од Невладината организација „Ади Гостивар“.

Проектот е финансиски поддржан од Швајцарската агенција за равој и соработка. Освен во Гостивар, ќе биде спроведен и во Куманово.