Македонија Младиот радовишанец починал од насилна смрт

Младиот радовишанец починал од насилна смрт

Дваесет и шестгодишното момче чие безживотно тело вчера попладне беше пронајдено во куќа во Радовиш, починало од насилна смрт, покажале првичните сознанија од увидот на надлежните институции, соопшти денеска Јавното обвинителство.

„По наредба на јавниот обвинител, повикан е дежурен обдуцент од Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија, кој според првичните сознанија, утврдил дека се работи за насилна смрт“, стои во соопштението на обвинителството.

Оттаму додаваат дека од местото на настанот се земени биолошки траги и докази, а по наредба на јавниот обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција, која треба да ги утврди причините за смртта.