Хроника Млад скопјанец пред 13 дена излегол од дома и не се вратил

Млад скопјанец пред 13 дена излегол од дома и не се вратил

Четириесет и шестгодишен скопјанец вчера претпладне во полициската станица Гази Баба пријавил дека неговиот 22-годишен син исчезнал пред 13 дена.

Според пријавата на родителот, Б.И.(22) на 13 март се оддалечил во непознат правец и оттогаш му се губи трага.

Од полицијата велат дека преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.