Дописници Митрополитот на грчката православна црква Дамаскин, во Охрид се сретна со владиката...

Митрополитот на грчката православна црква Дамаскин, во Охрид се сретна со владиката Тимотеј

Митрополитот од грчката православна црква на Дидимотихо, Орестиада и Суфли, г. Дамаскин, заедно со повеќе свештенослужители и верници од својата епархија, беше на поклоничко патување на светите места во Охрид.

При својата посета, во просториите на Митрополитскиот административен центар на Дебарско-кичевската епархија во Охрид, митрополитот Дамаскин оствари и неофицијална средба со неговото високопреосвештенство, митрополитот дебарско-кичевски, г. Тимотеј.

Митрополитите размениле и пригодни пасхални подароци.