Свет Европа Мирис на канабис пред Бранербуршката порта – се легализираше марихуаната во Германија

Мирис на канабис пред Бранербуршката порта – се легализираше марихуаната во Германија

Пушењето марихуана и хашиш во Германија е легално од вчера, 1 април, а граѓаните постари од 18 години можат да поседуваат до 50 грама марихуана дома, за свои потреби, и до 25 грама надвор од домот

Фото: Fabian Sommer/dpa

Пред Бранденбуршката порта во Берлин, Германците со пушење марихуана ја прославија легализацијата на канабисот, која стапи на сила на сила во неделата на полноќ.

Стотици луѓе се собраа во опуштена атмосфера, а некои дури и танцуваа на реге звуците на реге, пишува германската новинска агенција ДПА.

Пред портата, која е симбол на Берлин, на настанот бил поставен лист од канабис висок неколку метри, а точно на полноќ многу луѓе запалиле цигари и силен мирис на марихуана се проширил низ плоштадот.

„Конечно можеме да се покажеме јавно, не мора повеќе да се криеме“, изјавил за ДПА Хенри Плотке, член на Германското здружение за индиски коноп (ДХВ).

Намерата е новоосвоените слободи да се слават со заедничко „дување“, додава тој.

Пушењето марихуана и хашиш во Германија е легално од вчера, 1 април, а граѓаните постари од 18 години можат да поседуваат до 50 грама марихуана дома, за свои потреби, и до 25 грама надвор од домот.

Пушењето марихуана е дозволено на места каде што не е изрично забрането.

Забрането е да се консумира марихуана на детски игралишта, во училишта, спортски објекти, фудбалски стадиони, како и во близина на установи за деца и млади во радиус од 100 метри воздушна линија од влезот.

Вчера на Велигден, активистите ја прославија легализацијата во многу германски градови и ги поканија граѓаните заедно да пушат џоинт и да учествуваат во дискусии и собири.