Македонија Груевски и министрите во посета на поплавените подрачја

Груевски и министрите во посета на поплавените подрачја

Владините функционери се во посета на поплавените подрачја низ Македонија.

Премиерот Груевски и министерот Миле Јанакиески денеска се во посета на Битолско, во Новаци и во Могила.

Поплавеното подрачје во кумановското село Доброшане денеска ќе го посети министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, ќе го посети кичевскиот регион.

Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Ванчо Костадиновски, ќе ги посети поплавените во кочанското село Тркање.

Министерот за здравство, Никола Тодоров, ќе ги посети Чешиново-Облешево и Свети Николе.