Свет Европа Министрите на ЕУ в понеделник ќе разговараат за Украина

Министрите на ЕУ в понеделник ќе разговараат за Украина

Херман Ван Ромпуј

Министрите за надворешни работи на Европска Унија в понеделник ќе се состанат во Брисел, на редовна седница на Советот на ЕУ, каде ќе ја оценат состојбата во Украина и ќе ги разгледаат можните дополнителни акции кон Русија, соопшти денеска претседателот на Европскиот совет, Херман ван Ромпуј.

– Русија од своја страна мора да го искористи сето свое влијание врз бунтовниците за да осигури спроведување на договорот од Минск – нагласи Ван Ромпуј.

Претседателот на Европскиот совет изјави дека министрите за надворешни работи на ЕУ в понеделник ќе ја оценат ситуацијата на теренот и ќе дискутираат за можните натамошни чекори.

– Сакам да повторам дека ЕУ продолжува де верува оти може да постои само политичко решение за кризата. Ќе продолжиме да ги користиме сите дипломатски средства, вклучувајќи ги и санкциите, кои ни стојат на располагање – рече Ван Ромпуј.