Свет Министрите на ЕУ ќе разговараат за граничните контроли

Министрите на ЕУ ќе разговараат за граничните контроли

Министрите за внатрешни работи на земјите-членки на ЕУ денеска во Амстердам ќе разговараат за продолжување на привремените гранични контроли во шенген-зоната, кои беа воведени за да се намали напливот на бегалци.

Словенечката новинска агенција СТА наведува дека кон средина на мај истекува рокот за погранична контрола на границите на Германија и на Австрија, а во пресрет на пролетта членките на ЕУ може да одлучат да го активираат членот 26 од Шенгенскиот договор, кој досега не е користен, а овозможува воведување двегодишна контрола.

– Сè уште го немаме употребено тој механизам, но постои таква можност и комисијата е подготвена да ја искористи доколку е потребно – истакна неодамна портпаролка на Европската коммиција, Наташа Берто, додавајќи дека ЕУ сè уште не е во таква ситуација, но дека министрите во Амстердам ќе имаат можност да разговараат во врска со тоа.