Македонија Министерството за здравство направи фејсбук-страница за бременост

Министерството за здравство направи фејсбук-страница за бременост

Во периодот после 19 часот денеска на сите прашања ќе одговора д-р Марија Хаџи Лега

Фејсбук-страница за медицински консултации и за совети за здрава бременост креираше Министерството за здравство.

Страницата е активна од вчера, а од денеска секој ден по еден гинеколог ќе одговара на прашања што ќе бидат поставувани во текот на денот и ќе споделува стручни совети и мислења со идните родители.

Денеска, во периодот по 19 часот, на сите прашања ќе одговора д-р Марија Хаџи-Лега, директор на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, а во следните денови и д-р Весна Ливринова, д-р Горан Кочоски, д-р Ана Данева, д-р Иво Ќаев, д-р Роса Спасова, д-р Катерина Маџункова, д-р Ирена Тодоровска, д-р Корнелија Трајкова, д-р Миле Тантуровски, д-р Арта Бина и д-р Габриела Бушиновска.

Прашањата се поставуваат во коментар или во приватна порака на фејсбук-страницата, а одговорот се добива во приватна порака. Одговорите на најчесто поставуваните прашања ќе бидат и јавно споделени (анонимизирано, без објавување на лицето што го поставило прашањето), за подобро да се информира јавноста.