Македонија Министерството за транспорт потпиша договор со „Виз ер“

Министерството за транспорт потпиша договор со „Виз ер“

Договор со нискобуџетната авиокомпанија „Виз ер“ за финансиска поддршка за воведување нови авионски линии од аеродромот „Александар Велики“ во Скопје и од аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, за период од 2015 до 2018 година, потпиша Министерството за транспорт и врски.

Во согласност со договорот, „Виз ер“ во јуни ќе воведе директни линии за пет нови дестинации до европските градови од аеродромот „Александар Велики“ во Скопје и тоа до Барселона, Осло, Нирнберг, Хамбург и до Фридихшафен, и тоа двапати неделно.