Македонија Министерството за одбрана ги повика граѓаните да се пријавуваат на огласот за...

Министерството за одбрана ги повика граѓаните да се пријавуваат на огласот за професионални војници

Граѓаните да се пријават на објавениот оглас за професионални војници, повика Министерството за одбрана на Република Македонија.

„Од Министерството уште еднаш се повикуваат сите млади луѓе кои се убедени дека можат да ги исполнат обврските во една од најугледните институции во Република Македонија и кои сакаат да придонесат кон безбедноста на својата татковина во заштита на нејзиниот територијален суверенитет, да се пријават на јавниот оглас за професионални војници, кој е објавен во дневните весници на Република Македонија и на веб-страницата на Министерството за одбрана“, велат од Министерството.