Македонија Министерство за транспорт и врски: Субвенциите за авиокомпаниите се во согласност со...

Министерство за транспорт и врски: Субвенциите за авиокомпаниите се во согласност со европските правила

Министерство за транспорт и врски

Уште во 2012 година, Министерството за транспорт и врски, на барање на Министерството за инфраструкура на Косово, испрати допис во кој се образложени меѓународните правни норми, врз основа на кои се спроведува проектот за доделување финансиска поддршка за авиопревозници, од каде е јасно дека не е прекршено европското законодавство, сe вели во соопштението од Министерството за транспорт и врски по поднесената тужба до Европскиот суд поради субвенционирањето на летовите.

Оттаму информираат дека уредбата за доделување финансиска поддршка на домашни авиопревозници и постапката за доделување финансиска поддршка се во согласност со насоките на Заедницата за финансирање на аеродроми и почетна помош на авиопревозници, кои оперираат од регионалните аеродроми.