Македонија Министерство за правда: Констатирани пропусти во АКМИС системот за управување со судски...

Министерство за правда: Констатирани пропусти во АКМИС системот за управување со судски предмети

Оваа комисија извршила надзор во четири основни судови во државата, и тоа во: Берово, Крушево, Кратово и Куманово, при што констатирала нецелосно почитување на законските одредби за исклучување и вклучување, како и изземање на судии од АКМИС

Фото: Порталб.мк

Пропусти на Судскиот совет констатирала Комисијата за надзор на функционалноста на АКМИС-от во судовите, информираат од Министерството за правда.

Оваа комисија извршила надзор во четири основни судови во државата, и тоа во: Берово, Крушево, Кратово и Куманово, при што констатирала нецелосно почитување на законските одредби за исклучување и вклучување, како и изземање на судии од АКМИС.

Воедно, при надзорот било констатиран недоволен број на судии во помалите судови со основна надлежност, недоволен број на информатичари во судовите, неконтинуирано архивирање на предмети и немање соодветен архивски простор поради чувањето во подруми и нераспишување на огласи за вработување и унапредувања и покрај добиената согласност од страна на поранешни претседатели.

Од комисијата утврдиле и дека тонското снимање во овие судови главно не функционира.

„Ова се само дел од забелешките на Комисијата за извршениот надзор во првите шест месеци од годинава. Министерството за правда и во наредниот период ќе остане да биде транспарентно и ќе ги објавува на својата веб страница сите записници од извршените надзор во судовите“, соопштија од Министерството за правда.