Македонија Министерот за надворешни работи на БИХ во посета на Македонија

Министерот за надворешни работи на БИХ во посета на Македонија

Министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Игор Црнадак, денеска е во официјална посета на Македонија. Тој ќе се сретне со својот македонски колега Никола Попоски, како и со претседателот Ѓорге Иванов и со премиерот Никола Груевски.

Во рамки на посетата, ќе се одржи и пленарна седница во МНР, на која се очекува министрите за надворешни работи на двете земји да разменат мислења за досегашното ниво на билатерални односи и соработка, како и предлози и иницијативи за нејзино проширување во сите области од заемен интерес.

Исто така, се очекува соговорниците да разменат мислења и за актуелни прашања во врска со напливот на мигранти од Блискиот Исток во регионот, а ќе се разговара и за соработката во рамките на регионалните иницијативи.