Економија Министерот за финансии Миноски најави ребаланс на буџетот

Министерот за финансии Миноски најави ребаланс на буџетот

Министерот за финансии, Кирил Миноски најави ребаланс на буџетот поради политичката неизвесност која според него, сигурно ќе има ефект врз економијата и економската активност.

– И покрај здраво поставените економски политики, политичката криза почна да ги дава резултатите. Поради тоа треба да се направат корекции во државната каса и ние тоа ќе го направиме. Ребалансот ќе биде одговор на ефектите од политичката криза, односно реакција на забавувањето на растот преку поддршка на приватната потрошувачка и на јавните инвестиции. Капиталните инвестиции остануваат на високо ниво, повисоко од минатата година – изјави Миноски во интервју за агенцијата „МИА“.