Македонија Министерот Адеми ги додели наградите „Лидер“

Министерот Адеми ги додели наградите „Лидер“

Министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, денеска ги додели наградите од натпреварот „Лидер“ за најдобар ученик во струката. Натпреварот го организираа Министерството за образование и наука и Центарот за средно стручно образование.

– Можам да кажам дека сум задоволен од интересот на учениците и на наставниците за учество на натпреварот, кој ќе биде традиционален, односно ќе се одржува секоја година во училиштата во Република Македонија. Преку трите фази, во кои се одвиваше целото натпреварување, добивме победници во девет струки, а за наградите се бореа вкупно 164 ученика од 28 училишта во земјава – рече Адеми.

Тој додаде дека најдобрите во својата струка, ќе бидат препознаени од страна на работодавците од соодветната област, кои ќе им понудат вработување или, пак, стипендија за продолжување на нивното усовршување на некој од техничките факултети во Македонија.