Економија Минимален пораст на трошоците во градежништвото за нови објекти

Минимален пораст на трошоците во градежништвото за нови објекти

Во третото тримесечје од 2014 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување, во споредба со податоците за третото тримесечје од 2013 година, се повисоки за 0,3 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.
Во третото тримесечје од 2014 година, во споредба со второто тримесечје од 2014 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 0,7 отсто, трошоците за материјали се пониски за 0,1 отсто, а трошоците за вработените се повисоки за 2,7 отсто.
Во третото тримесечје од 2014 година, во споредба со третото тримесечје од 2013 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 0,3 отсто, трошоците за материјали се пониски за 0,8 отсто, а трошоците за вработените се повисоки за 3,5 отсто.