Македонија Милошоски во посета на Канада

Милошоски во посета на Канада

Потпретседателот на Собранието на Република Македонија и претседател на Комисијата за надворешна политика, Антонио Милошоски, е во работна посета на Канада, а ќе се сретне со тројца пратеници од канадскиот парламент – Тед Оптиц, Корнелиј Чису и Чангстен Лонг.

Tеми за разговор на средбите ќе бидат билатералните односи помеѓу двете држави, членството на Македонија во НАТО и значењето на македонската дијаспора во канадското општество.