Македонија Милошоски: СДСМ сакаше да продуцира афера со фалсификуваните лични карти

Милошоски: СДСМ сакаше да продуцира афера со фалсификуваните лични карти

Фалсификуваните лични карти, кои во форма на афера ги спакува неделникот „Фокус“, близок до СДСМ, а ги промовираше Оливер Спасовски како технички министер за внатрешни работи, воопшто не биле употребувани од никого за гласање, истакна на денешната прес-конфереција Антонио Милошоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

– Всушност, не биле употребувани овие т.н фалсификувани лични карти за ништо друго. Ниту за влез или излез од земјава, ниту во кој било друг правен промет на некој граѓанин. Биле употребени овие фабрикувани и фалсификувани лични карти само за едно нешто, а тоа е СДСМ да продуцира нова афера, да се фрли дамка на изборите, да се создаде основа за барање нови избори, да се создадат алиби и оправданија на СДСМ за десетиот по ред изборен пораз што ги очекува во април следната година – рече Милошоски.