Свет Свет Милитантите на Ал Шабаб ликвидирале 25 полицијаци

Милитантите на Ал Шабаб ликвидирале 25 полицијаци

Најмалку 25 полицајци загинаа во заседа која на североистокот на Кенија ја поставиле припадниците на исламската група Ал Шабаб.

Милитантите со гранати го нападнале конвојот од пет возила во кои биле полицајците.

Портпаролот на Ал Шабаб соопшти дека нивните припадници го одзеле оружјето од полицијата, а дел од полицајците успеале да побегнат.