Економија Милевски: Кривично да се одговара за погрешно проектиран буџет

Милевски: Кривично да се одговара за погрешно проектиран буџет

„Ако тврдите дека буџетот е реален и оставрлив, ајде на денот кога ќе го донесеме буџетот, да донесеме измени на кривичниот законик, за минстерот кривично да одговара ако дава лажни податоци и грешно проектира“, предложи Горан Милевски од ЛДП на денешната расправа за буџетот.

Според пратеникот на СДСМ, Панче Орцев, власта и со овој буџет ќе троши народни пари по непознати канали и нетранспарентно, а капиталните инвестиции ќе се покриваат со заеми.

Власта го бранеше буџетот со тоа што истакна дека од јануари до август 2015 година, вкупните приходи се поголеми за 13,4 проценти во однос на 2014 година и врз основа на тоа се проектирал буџетот за следната година.

– Со најниски даноци, поддршка за компаниите, добра бизнис-клима и со високи капитални инвестиции од буџетот, сите овие девет години се даде огромна поддршка за македонското стопанство и затоа во овој и во следните буџети ќе предложиме слични политики, бидјеќи докажано даваат резултати – изјави министерот за финансии, Зоран Ставрески.