Македонија Миле Јанакиески ќе го раскине договорот со „Лудвиг Фајфер“

Миле Јанакиески ќе го раскине договорот со „Лудвиг Фајфер“

Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, на прес-конференција објави дека ќе го тужи портпаролот на СДСМ, Петар Шилегов, но и дека го раскинува договорот со германската фирма „Лудвиг Фајфер“, која е во куќата на Јанакиески, пренесе „Нова ТВ“.

Пред три дена, портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, објави дека седиштето на германската фирма „Лудвиг Фајфер“ е во куќа на министерот Миле Јанакиески во Прилеп. Таа е истата фирма избрана за градење на канализациската мрежа во тој град.