Македонија Миле Хаџиски осуден на 20 години затвор

Миле Хаџиски осуден на 20 години затвор

Скопскиот кривичен суд вторпат го осуди Миле Хаџиски на 20 години затвор за убиството на Мери Јошевска. Судот ја потврди пресудата која на Хаџиски му беше изречена пред 22 години, колку што тој беше во бегство.

Според пресудата, Хаџиски на суров начин со 40 убоди ја убил 21-годишната Јошевска и ја оставил во нејзиниот стан да искрвави до смрт.

– Судот немаше дилеми дека обвинетиот го сторил делото за кое се товари. Народот има многу поговорки, а една од нив е онаа „Правдата е бавна, но достижна“! Мери ќе најде мир, а граѓаните ќе поверуваат во постоењето на правната држава – рече судијката Тања Михајлова.

Стеван Павлески, адвокатот на Хаџиски, изјави дека одбраната е разочарана од високата казна бидејќи судот при носењето на одлуката не зел предвид ниту една олеснителна околност.